„Жената - глава на семејството“ изложба на карикатури во Куманово

26.03.2024 09:23 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре /среда/ во 13 часот ќе биде отворена изложбата на карикатури “Жената-глава на семејството“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира “ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“. 

„Жената - глава на семејството“ изложба на карикатури во Куманово

На изложбата ќе бидат претставени околу педесетина карикатури на автори од повеќе земји.

Изложбата од конкурсот за карикатура насловена „Жената-глава на семејството“ е дел од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС 2022“ кој што традиционално се одржува во Дом на култура „Тошо Арсов“- Виница секоја година во месец октомври. 

Минатата 2023 година фестивалот го прослави 15 годишниот јубилеј од моментот на возобновувањето на истиот и негово прогласувањето за меѓународен.

Фестивалот е светски познат токму поради конкурсот за карикатура, а во 2022 година учество зедоа 283 автори од 44 држави од целиот свет со вкупно добиени 670 карикатури.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 03.април 2024.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk