Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија Куманово, синоќа се одржа изложба на модни креации и цртежи на матурантите од насоката дизајн на облека, од средното училиште „Перо Наков“, насловена “Женската инспирација и мотив за модниот дизајн„.
Посетителите беа задоволни од она што го изработиле учениците од првата генерација млади дизајнери.
„На оваа изложба учествуваме со дела кои ги шиевме за нашиот патронат. Сите се од природни материјали. Има изложено и цртежи во темпера, акваж, акварел со наши крации“,- вели ученичката Теодора Стојковска.
„Ние сме прва генерација на техничар за дизајн на облека. Работиме тимски со наши идеи, ги претставуваме цртежите на платно и ги изработуваме од природен материјал“,- додава Бранкица Ѓорѓевиќ.
Учениците добија честитки и пофалби и од градоначалникот и директорката на училиштето.
„Жената одсекогаш е инспирација за мене бидејќи јас триесет години како професионалец работев со нив. Секоја чест за овие млади луѓе кои се дрзнале со свои 15 години да креираат такви смели модели. Тоа е иднина и потенцијалот на нашиот град и на општеството-, рече Зоран Дамјановски.
„Како одговорен раководител на оваа училиште среќна сум што учениците ги претставија своите дела, го покажуваат својот талент. Со својата работа го промовираат овој проект и нашето училиште“,- вели Лидија Тасевка, директор на средно училиште „Перо Наков“.
Дваесетината фустани се изработени од учениците Македонци и Албанци на часовите по практична настава, под будно око на нивните професори и ментори.
„Во секоја генерација скоро сите деца се талентирани. Ние сме презадоволни и самите сме изненадени од нивните идеи и тоа што можат да покажат“,- вели Марија Спиридоновска, професор по дизајн на облека.
„Околу сто ученика брои струката, првенствено се запишуваа помалку, но оваа година има рекорден број запишани и голем број се талентирани“,- вели Маја Вељковиќ – Димковска, професор по стручни предмети.
„ Ги повикуваме талентираните деца да дојдат и да ја развиваат струката, затоа што самата изложба зборува за резултатите на овие смерови. Имаме услови и можност само треба да се работи“,- вели Фадил Абодули, професор по текстилни предмети-конфекциска насока.
Изложбата има освои второ место на натпреварување во Скопје и прикажана е во неколку градови. Кумановци можат да ја видат во наредните денови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk