Жената починала од повреди од остар предмет, сопругот имал прострелна рана, соопшти МВР

17.08.2021 16:08 | Сузана Николиќ

 Жената починала од повреда задобиена од остар предмет, додека сопругот имал прострелна рана, соопшти МВР по увидот во семејната куќа во селотото Табановце, во која утринава беа пронајдени мртви двајцата сопружници.

Жената починала од повреди од остар предмет, сопругот имал прострелна рана, соопшти МВР

„Во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје“, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово. 

„Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место“, соопшти ОЈО.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk