„Жената во уметноста – денес“ креативна работилница во организација на Фото клуб „Куманово

21.02.2023 14:23 | KumanovoNews

Во пресрет на Mеѓународниот ден на жената, 8 Март, Фото клуб „Куманово“ од Куманово, во соработка со ОУ „Кочо Рацин“, организираше предавање на тема „Жената во уметноста – денес“, кое имаше за цел да ги разбуди креативноста на девојчињата кон  уметноста.

„Жената во уметноста – денес“ креативна работилница во организација на Фото клуб „Куманово

Предавањата ги одржаа: Александра Михајловска, актерка, Ивана Јовановска Кузмановска фотографка и Марина Атанасовиќ наставничка - фотографка. 

„Реномираните уметнички имаа едукативно излагање за инволвираноста на жената во сферите на општеството преку уметност. Моќта која жената ја поседува да ги крене масите преку своите дела и општествено делување. Последователно по предавањата, следуваше работилница кратка фото-школа изведена од членовите на клубот.  Работилницата за фото едукација е пропратена со теренска настава, фотографирање надвор. Ученичките заедно со обучувачите излегуваа на терен низ маалото и пошироко и правеа фотографии на тема: жената мајка, сестра, пријателка, столбот на фамилијата и општеството. Страдалничка, моќна, визионерка. Жената во сите свои расположенија, со сите доблести и маани“, соопштуваат организаторите

Најдобрите фотографски записи, кои ученичките од осмо и деветто одделение ќе ги направат, ќе бидат изложени на изложбата Жените и фотографијата, која традиционално се одржува на 8. Март, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk