Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изградба на градинки, проширување на градскиот кеј, озеленување на јавните површини, асфалтирање на улици во градот, се само дел од предлозите на кумановки, кои би ги реализирале доколку седнат во градоначалничката фотеља.
Тие имаа денеска несекојдневна можност да го „прекројат“ општинскиот буџет за 2016-та, односно да кажат како да се потрошат парите од буџетот, како дел кампањата „Жените буџетираат!“ на Акција Здруженска.
„ Оваа активност денес е една можност за жените од шест градови, да дадат предлози за тоа како во улога на градоначалнички би потрошиле определен износ од локалниот буџет во корист на жените, оваа активност е едновремено да го поттикнеме нивниот интерес за јавните финансии, бидејќи е многу важно да знаат што локалната самоуправа прави и колку е тоа во нивна корист и воедно да адат предлог како во иднина поинклузивно и потранспарентно да се планираат јавните финансии. Ова е еден вид кампања од жени за жени, изјави Марија Савовска, Здружение за унапредуавње на родовата еднаквост -Акција Здруженска , Скопје
Досеге се анкетирани повеќе од 400 жени, а ниту една од нив не го знаела износот на висината на буџетот, ниту пак била консултирана на било каков начин за тоа како да се испланираат парите.
Настанот во Куманово се организира во соработка со локалниот женски центар „Жена на 21 век“ - Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk