Жените на СДСМ слават јубилеј

14.09.2012 08:39 | KumanovoNews

 Клубот на жени на општинската организација на СДСМ во недела слави десет години постоење.

Жените на СДСМ слават јубилеј

По тој повод во зградата на поранешен Комитет од 10 до 11 часот ќе одржи свечена седница на која ќе се обрати актуелната координаторка Цветанка Ласкова. Прославата ќе продолжи во Пелинце каде на присутните ќе им се    обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.

Ќе има гости од Скопје, присутна ќе биде потпретседателката Ана Павловска Данева, пратеничката Цветанка Иванова и првата координаторка на Клубот на жени, Елеонора Петровска. Поканета е и нашата прва координаторка од Куманово, Слободанка Стојковска. Клубот на жени на СДСМ е основан на 18 јуни 2002 година - рече Маргарита Прокиќ, координатор на Клуб на жени на СДСМ од изборна единица 2.

На прославата ќе присуствуваат најмалку 400 жени, а Клубот на жени на СДСМ во Куманово 1.700 членки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk