Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жените од Социјалдемократскиот сојуз денеска го посетиа Домот за стари лица „Зафир Сајто“, за да им го честита празникот на жените сместени во домот.
Веруваме дека нашите мајки, нашите сограѓанки кои поминале многу во животот во борбата за женските права најмногу им е потребно внимание на вакви денови. Затоа сме тука да го одбележиме празникот, но и да се бориме за подобар статус, за подобар живот, за еднаков третман во општеството на жената, не само еден ден во годината. Нашата борба продолжува, секојдневно вложуваме напори во нашите семејства и домот, на работните места и кариерата, во образованието во политичкиот живот, конечно жената да го добие заслуженото место во нашето општество“, -. изјави Атина Мургашанска, претседателка на Форум на жени на СДСМ
Штитеничките на домот за стари лица денеска ги посетија и припадничките на Ротари клуб Куманово кој традиционално организира хуманитарни активности и учениците од Кочо Рацин.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk