Жените од ЛДП подарија книги во Ученичкиот дом

16.04.2010 11:36 | KumanovoNews

 Форумот на жени на ЛДП Куманово по повод 19 април, денот на основањето на партијата во  ученичкиот дом „професор Мијалковиќ„ донираше книги.

Жените од ЛДП подарија книги во Ученичкиот дом

 Станува збор за дела со поезија, проза,романи и друга литература за која мислиме дека ќе им помогнеме на учениците од средните училишта кои што се сместени тука. Ние секоја година имаме вакви манифестации во кои даруваме крв,одиме на пошумување, но и донирањето книги ни  стана традиција - рече Гордана Божиновска претседателката на форумот на жените на ЛДП.

Секретарот на ученичкиот дом Круме Арсовски во името на учениците се заблгодари за донацијата и рече дека доаѓа на вистинско место и во вистинско време и донацијата е добредојдена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk