Жените од ЛДП во посета на „Зафир Сајто“

19.11.2014 12:13 | KumanovoNews

Членките на Форум на жени на ЛДП Куманово, денеска однесоа подароци на старите лица во Домот “Зафир Сајто“, по повод одбележување на Недела за грижа на старите лица.

Жените од ЛДП во посета на „Зафир Сајто“

  “Дојдовме за да се дружиме со нив, им донесовме овошје и слатки. Сакаме да ги потсетиме дека не се заборавени и дека има луѓе кои мислат на нив. Покрај роднините, пријателите, убаво е да имаат и други посети. Ова ни е втор пат по ред како ги посетуваме“ - изјави Весна Глигориевска, претседателка на Форум на жени на ЛДП Куманово.

  Глигориевска вели дека за секој поголем празник не ги забораваат повозрасните наши сограѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk