Жените од ВМРО-ДПМНЕ донираа училишен прибор

03.09.2015 09:33 | KumanovoNews

Жените од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово вчера донираа училишен прибор за деца од социјално-загрозено семејство од Куманово.

Жените од ВМРО-ДПМНЕ донираа училишен прибор

Се работи за семејство кое живее под кирија  во центарот  на градот, а единствен приход им е социјалната помош.

Донацијата ја правиме по повод почетокот на учебната година. Дониравме ранци, тетратки, блокови, боици, фломастери, ножички, значи комплетно училишен прибор. Иако ова е мала помош во даден момент е значајна. На ваков начин се трудиме да им помогнеме на луѓето кои се обратиле кај нас и побарале помош - вели Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Трајковска рече дека и во наредниот период ќе имаат неколку слични хуманитарни акции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk