Жените од ВМРО-ДПМНЕ посетија жени земјоделки

20.10.2015 09:42 | KumanovoNews

Претставнички од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, викендов посетија жени земјоделки во село Пчиња по повод Меѓународниот ден на руралната жена.

Жените од ВМРО-ДПМНЕ посетија жени земјоделки

Се работи за една жена која одгледува градинарски култури, друга жена која има фарма и семејство кое со субвенции има купено трактор,  приклучна механизација и произведува житарици.

Посетени се жени земјоделки кои земаат субвенции. Целта е да се види на терен дали се задоволни , ако имаат сугестија да ни кажат како понатаму треба да им се помогне, да им се излезе во пресрет и други жени да се заинтересираат. Тоа беше поентата на нашата посета - рече Емилија Трајковска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Вакви посети се организирани и во другите општински комитети низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk