Жените се главната алка за домаќинско и успешно работење на Општината, кажа Димитриевски

08.03.2022 18:43 | Сузана Николиќ

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска одржал празничен состанок со дел од раководителките во Општина Куманово, а сите вработени во општинската администрација им врачил подароци, по повод Денот на жената - 8 Март.

Жените се главната алка за домаќинско и успешно работење на Општината, кажа Димитриевски

„Особено сум горд што жените се 44 отсто од општинската администрација, тие се една од главните алки во Општина Куманово за домаќинско и успешно работење во нашата институција. Три многу значајни сектори во Општината ги водат жени, а и претседател на Советот на Општина Куманово е жена.  Жените се значаен дел од тимот и секојдневно заеднички креираме, дебатираме и носиме локални политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите кумановци“, кажа Димитриевски.

 Тој вели дека ќе се грижи подеднакво за сите вработени во општината, и ќе се залага за родова еднаквост и создавање на подобри услови и можности за работа.

По повод празникот на жената градоначалникот ги посети штитеничките во Домот за стари лица Зафир Сајто и им подари цвеќе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk