Женските невладини на дебата за родова еднаквост

24.12.2013 10:13 | KumanovoNews

Претставници на женски невладини организации од градот утре во Скопје ќе учествуваат на дебата на тема “Како до ресурси за родова еднаквост“.

Женските невладини на дебата за родова еднаквост

Целта на дебатата е да се претстават наодите од проценката од досегашното  спроведување на Стратегијата за воведување на родово одговорно буџетирање во Република Македонија за 2012 - 2013 година. Ќе се разменат мислења за можностите и начините на кои институциите и граѓанските организации можат да влијаат за остварувањето на нејзините цели.

Оваа активност е дел од проектот на Акција Здруженска „Проценка на присуството на родот во буџетското планирање во РМ“, овозможена со поддршка од програмата Цивика Мобилитас, која е имплементирана од Центарот за Институционален Развој – ЦИРА и финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk