Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Црвениот Крст и Центарот за дијализа „Дијамед“, денеска во Куманово го одбележаа Светскиот ден на бубрегот.
На градскиот плоштад, волонтери делеа флаери за опасностите од појава на бубрежни заболувања и препознавање на ризик факторите кои најмногу влијаат за загрозување на здравјето.
Оваа недела е посветена на бубрежните заболувања. Хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 отсто од населението во светски рамки, а се предвидува да се зголеми на 17 проценти во текот на следната деценија. За жал порастот на бубрежните заболувања не го одмина ни Куманово. Во Центарот за дијализа Дијамед имаме над 60 пациенти, што е повеќе во однос на минатата година. Затоа и здружението води активна грижа за подигање на свеста кај граѓаните пред да дојде до појава на хроничното заболување, - изјави Фросина Ефремовска од „Дијамед“.
Лекарите предупредуваат дека прекумерната телесна тежина, високит крвен притисок и дијабетот имаат директно влијание на здравјето на бубрезите. Затоа апелираат граѓаните да водат здрав начин на живот со поголема физичка активност и да ја избегнуваат брзата храна богата со шеќери и масти.
Светскиот ден на бубрегот годинава се одбележува под мотото „Здрав начин на живот за здрави бубрези“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk