Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Последниве два дена Противпожарната единица од Куманово бележи 4 до 5 интервенции дневно на пожари на отворен простор.
Има зголемување на бројот на пожари, но не е драстично. Луѓето почнаа да палат стрништа и да предизвикуваат пожари во селата во Општина Старо Нагоричане, Режановце, накај Пчиња, Вакав. За предизвикување пожар на отворено казната е 500 евра - вели Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.
Илиевски објаснува дека од пред две недели се ангажирани 20 сезонски пожарникари, a по завршување на жетвата очекуваат дека обемот на работа ќе се зголеми.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk