Зголемен бројот на првачиња во „Браќа“

15.06.2016 07:39 | KumanovoNews

Основното училиште „Браќа Миладиновци “ последниве три години е рекордер по бројот на запишани првачиња.

Зголемен бројот на првачиња во „Браќа“

За следната учебна година досега 135 деца пројавиле интерес да посетуваат настава во ова училиште. Но сепак  бројката не е конечна, првоодделенците ќе се запишуваат до први септември.

 Одреден број на деца доцнат поради оправдани причини можеби бројката ќе се зголеми, и ако споредиме со тоа дека 105 ученици завршуваат деветто одделение кои ќе заминат од училиштето значи речиси една паралелка се зголемува од преку 30 ученици,- изјави Милорад Јордановски, заменик директор на „Браќа Миладиновци“ .

Дека навистина од година в година се зголемува бројот на запишаните првачиња во „Браќа Миладиновци“ потврдува и фактот што минатата учебна година своето основно образование го започнаа 138 првоодделенци. Учебната 2016-2017 –та година во централното  училиште ќе се формираат пет паралалеки со деца во прво одделение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk