Зголемен интересот за гасификација- претпријатието во загуба

30.04.2015 09:34 | KumanovoNews

Зголемен е интерсот за приклучување на гасоводна мрежа од граѓани кои живеат на улиците “Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“, но претпријатието сеуште работи со загуба.

Зголемен интересот за гасификација- претпријатието во загуба

Ова директорот на “Куманово -гас“, Драган Петровски го објави на последната седница на Советот на општина Куманово пред советниците.

“На улица “Пионерска“ има четири барања, две за пекари и две за индивидуални објекти. Има интерес за приклучување на гас и во индустриската зона во Доброшане“ - рече Петровски.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваа “Куманово-гас“ дека е загубар, а директорот објаснуваше дека се работи за претпријатије кое е во инвестиции. Во период од 1 октомври до 31 декември лани, “Куманово-гас“ има загуба од 2.2 милиони денари. Советниците сепак ги изгласаа извештајот за работа на претпријатијето за 2014 година, и финансискиот извештај за последниот квартал од 2014 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk