Зголемен водостојот на Пчиња

02.03.2012 10:48 | KumanovoNews

 Од Општината Старо Нагоричане велат дека нивото на водата е нормално за овој период од годината, но тие ја следат состојбата на терен поради опасноста од нагло топење на снегот во планините на Козјачието и Јужна Србија каде протекува реката.

Зголемен водостојот на Пчиња

По топењето на снегот и последните врнежи на дожд зголемен е водостојот на реката Пчиња. Од Општината Старо Нагоричане велат дека нивото на водата е нормално за овој период од годината, но тие ја следат состојбата на терен поради опасноста од нагло топење на снегот во планините на Козјачието и Јужна Србија каде протекува реката.

Ние имаме негативно искуство од минатиот пролет кога имавме големи поплави предизвикани од излевањето на реката Пчиња. Во текот на летото беше чистено коритото од селото Пелинце до бањата Стрновац, но останаа уште неколку критични точки доколку надојдат големи води. Со проекти за чистење на реките аплициравме до Министреството за транспорт и врски, па ќе видиме дали ќе ни бидат одобрени- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Лани во мај Пчиња се излеа од своето корито и предизвика големи штети на земјоделските посеви,а беа поплавени  бањата Стрновац  и меморијалниот центар АСНОМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk