Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бучавата ја создаваат автомобилите, градежните работи и машини, верски објекти...
Зголемено е нивото на бучава во Куманово. Ова го покажале резултатите по последното мерењето на комуналната бучава што во текот на месец мај го вршеле од Центарот на јавно здравје.
„ Вредностите се зголемени од 5 до 10 децибили над утврденото гранично ниво. Највисока вредност на бучавата e измерена на најголемите сообраќајници во централното градско подрачје во текот на денот, - вели доктор Мимоза Величковски, специјалист по хигиена во ЦЈЗ.
Мерењето на бучавата се врши во различни периоди, во текот на денот и во вечерните часови. Врз основа на мерењата се добиваат податоци за целодневна комунална бучава, која што е зголемена во градот. Бучавата ја создаваат автомобилите, градежните работи и машини, верски објекти и др.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk