Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Празничниот викенд ја зголеми фреквбенијата на возила и патници на Граничниот премин Табановце, кои одлучија да ги поминат празниците во туристичките места во Србија или останатите земји во регионот.
Според МВР Близу 8 илјади патници, од тоа 3.874 домашни и 4.104 странци, излегле од Македонија во последните 24 часа.
За влез биле регистрирани 3.767 домашни патници и 6.668 странски државјани, кои транзитираат низ земјата кон Грција.
Во двата правци вкупно 18.413 лица ја минале македонско-српската граница за едно деноноќие.
Според податоците на АМСМ сообраќајот на патните правци надвор од градовите е умерен. На граничните премини од македонска страна на влез и излез од државата нема подолги задржувања.
(Фото архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk