Зголемена фреквенција на Табановце

08.08.2015 15:21 | KumanovoNews

На граничниот премин Табановце денеска напладне имаше зголемена фреквенција на возила, кои границата ја поминуваа без подолго чекање.

Зголемена фреквенција на Табановце

Протокот на возила и патници се одвиваше нормално, а зголемената фреквенција е поради годишните одмори. Поголема раздвиженост денеска имаше и на наплатната рампа Романовце. Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk