Зголемена наплата на вода

10.03.2011 11:34 | KumanovoNews

 Во првите два месеци од годината, зголемена е наплатата на водата. Според информациите од Јавното претпријатие "Водовод" таа изнесува 65 насто, или 10 проценти повеќе во однос на лани.

Зголемена наплата на вода

Поредовни плаќачи се правните субјекти во однос на физичките лица.Зголемената наплата од потрошувачите се должи на ангажираноста на Службата за наплата.Ги повикуваме нередовните плаќачи да го подмират долгот, за да не преземаме непопуларни мерки за присилна наплата за потрошената вода, а долгот може да се подмири на рати-вели Виктор Божиновски директорот на „Водовод„.

Од претпријатието велат дека засега нема најави за зголемување на цената на водата за која одлука донесува Советот на општина Куманово.

Се зависи од текот на преговорите со Водостопанство "Кумановско-Липковско поле".Ако се зголеми цената на сировата вода, тогаш ќе следува зголемување на цената на водата што ја испорачуваме до потрошувачите"- дециден е Божиновски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk