Зголемена половата дискриминација во државата

22.11.2010 15:08 | KumanovoNews

 За период од една година колку што работи правниот застапник зголемен е бројот на дискриминираните по половa основа, велат надлежните.

Зголемена половата дискриминација во државата

Министерството за труд и социјална политика започна кампања за еднакви можности и  не дискриминација на жените и мажите. Целта на проектот е да се промовира концептот, да се подигне јавната свест во однос на заштитата и како да се помогне во случај да дојде до таква појава.

Во министерството постои правен застапник кој помага во постапките во случаи при дискриминација, како во јавниот така и приватниот сектор. За да се поведе постапка потребно е да има писмена иницијатива и таа е бесплатна - вели Ленче Коцевска, која ги застапува жртвите.

За период од една година колку што работи правниот застапник зголемен е бројот на дискриминираните по полов застапеност.

Сметаме дека оваа појава е многу застапена и реалната слика не е таква како што се прикажува, дека не постои полова дискриминација. Затоа со оваа кампања сакам да ги охрабриме граѓаните  да поднесуваат преставки до правниот застапник и да добијат помош - нагласува Коцевска.

На Градскиот плоштад денеска граѓаните можеа да дадат подршка за кампањата, а имаше и трибина на која беа претставени облиците на дискриминација и како таа да се спречи. Кампањата се спроведува во 15 градови во државата, во соработка со општините и ОБСЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk