Зголемување на платите и пензиите во буџетот за наредната година

13.11.2019 10:34 | KumanovoNews

Со новиот буџет за наредната година ќе се зголемуваат пензиите и тоа во износ од 850 до 900 денари, најавија од Владата, презентирајќи го предлог буџетот за 2020.

Зголемување на платите и пензиите во буџетот за наредната година

„Пензионерите ќе добијат покачување од 850-900 денари. За жал минималната пензија е 8.940 денари, а просечната пензија 14.000 денари“, рече премиерот Зоран Заев.

На владината седница исто така се дискутираше и за ерозагадувањето кое секоја година е еден од најтешките проблеми, па затоа наредната година се предвидува да се оддели 100 милиони денари од буџетот за справување со овој проблем, а од ЕСМ ќе бидат обезбедени и дополнителни 10 милиони евра за субвенции за инвертори.

Владата наредната година планира да потроши 3,9 милијарди евра, а премиерот вели дека во овој буџет се предвидени и пари за зголемување на платите во здравството и образованието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk