Зградата на Кумановската полиција ќе се реконструира следната година

14.12.2020 10:28 | KumanovoNews

Во 2021 година ќе  се реконструира зградата во која се сместени службите на СВР Куманово.

Зградата на Кумановската полиција ќе се реконструира следната година

- Согласно предвидените градежни активности на објектот, реконструкцијата предвидува замена на прозори, нова термофасада, нова кровна конструкција, нова електрична инсталација, оспособување на просториите за приведување и задржување на лица согласно стандардите, нови санитарни чворови, одводна и доводна мрежа, воспоставување на нов излез за службени потреби, молерофарбарски и гипсарски работи како и појачување на статиката, - велат од МВР за Кумановоњус.

Одлуката да се реконструира полициската зграда е донесена со цел да се подобрат условите за работа на вработените.

- Во таа насока веќе се реконструирани голем број на објекти, а согласно стратешкиот план за санација и реконструкција на МВР опфатени се повеќе објекти меѓу кои и објектот на СВР Куманово, - велат од МВР.

Финансиските средства за реконструкција на објектот дополнително ќе бидат утврдени.

Oбјектот на СВР Куманово е изграден во 1929 година, а потоа во повеќе фази е доградуван.

Поради старата инсталација во зградата неколку пати беше предизвикан пожар, а просторните условите се незадоволителни поради дотраеноста на објектот.

(Ф.М.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk