Згрижувачко-воспитната дејност во градинките непречено се одвива и во време на штрајк, велат од МТСП

11.04.2022 12:57 | Сузана Николиќ

Утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца - детски градинки, но од вкупно 75 jавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 јавна установа вработените воопшто не се приклучија кон штрајкот организиран од СОНК“, соопштува Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Згрижувачко-воспитната дејност во градинките непречено се одвива и во време на штрајк, велат од МТСП

Во Кумановските градинки денеска биле згрижени околу 350 дечиња, бидејќи штрајкувал половина од персоналот, додека останатите редовно ги извршувале работните задачи.

„Само во градинката „Детска Радост“, во Гази Баба, воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во „Пролет“ Карпош, се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите останати предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките,  непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата. Целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и ја извршуваат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста“, додаваат од МТСП.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk