Ѕид паднал врз градежни работници

01.08.2010 13:53 | KumanovoNews

 Повредените работниците биле пренесени во Ургентниот центав во Куманово, по што тројцата потешко повредени се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје, а едниот е пуштен на домашно лекување.

Ѕид паднал врз градежни работници

  Четворица градежни работници се здобиле со тешки повредени предпладнето додека уривале стара куќа на улицата „Поток Серава„ бр.17 во Куманово. Според првичните информации, инцидентот се случил околу 10 часот, кога врз работниците паднал и ги поклопил ѕид. Повредените работниците биле пренесени во Ургентниот центав во Куманово, по што тројцата потешко повредени се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје, а едниот е пуштен на домашно лекување.

Полицијата врши увид на местото на настанот, по што ќе излезе со повеќе информации како дошло до несреќата.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk