Зимско караванско возење низ Кумановско-козјачкиот регион

21.01.2022 19:04 | Жаклина Цветковска

Во Кумановско-козјачкиот регион утре ќе се одржи еднодневно зимско караванско возење, во организација на Здружението „Оффроуд“ Куманово.

Зимско караванско возење низ Кумановско-козјачкиот регион

Возењето e од слободен карактер, без котизација, спонзорства и организации. Секој што поседува 4×4 возило или АТВ и е љубител на овој спорт може да се придружи на заедничко уживање во оваа адреналинско возење во зимски услови низ живописните предели на Козјачијата.

„Рутата за возење се движи од селата Војник - Цвиланце - Бајловце - Жељувино - Дејловце - Длабочица -Цветишница - Буковљане - Мглинце - Малотино - Степанце. Очекуваме голем број учесници во оваа еднодневна зимска авантура“, вели Дарко Јовановски од Офроуд Куманово.

Збирното место и поаѓањето на учесниците на зимскиот караван е кај „Туш Петрол“ во селото Војник.

Доделувањето на редните броеви започнува во 8 часот, а стартот на каравската тура е во 9 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk