Жител на Арбанашко крадел струја

29.01.2014 14:47 | KumanovoNews

Д.П.(57) од селото Арбанашко на диво се приклучил на електричната мрежа и крадел струја за својот дом.

Жител на Арбанашко крадел струја

На почетокот на зимата, Д.П. ги искинал пломбите со кои било запечатено електричното броило, по што ги поместил приклучните мостови за да не се мери електрична енергија. Тој успејал да украде струја во вредност од 42.945 денари.

Д.П ќе одговара кривично за кражба и симнување или оштетување службен печат или знак.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk