Жител на Лојане дома чувал Сомалијци

18.12.2012 15:16 | KumanovoNews

 А.М.(41) од село Лојане транспортирал мигранти од Гевгелија до Лојане, ги сместувал дома, од каде требал да ги пренесе во Србија.

Жител на Лојане дома чувал Сомалијци

 При претрес на неговиот дом минатат недела, пронајдени се  девет мигранти од Сомалија. Тие кажале дека за превоз од граничниот премин со Грција до Лојане плаќале по 500 евра од возило. А.М. превозот го организирал со такси превозници, а за ноќевање им наплаќал по 5 евра. Сомалијците кажале дека во истата куќа во Лојане во ноември имало 22 мигранти кои платиле за да заминат за соседна Србија.

А.М. е во бегство, и кривично ќе одговара за “криумчарење на мигранти“. Сомалијците се сместени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk