Жител на Лојане поседувал оружје без дозвола

11.11.2021 12:25 | KumanovoNews

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово, утринава го лишиле од слобода З.И.(67) од с.Лојане, Липково.

Жител на Лојане поседувал оружје без дозвола

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, две рамки за пиштолот и 50 куршуми калибар 9 мм, кои ги поседувал без дозвола.


Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk