Жител на Лојане шверцувал мигранти

09.06.2020 11:24 | KumanovoNews

Жител на липковското село Лојане, ноќеска е уапсен во близина на Велес, додека со своето возила превезувал мигранти.

 
Жител на Лојане шверцувал мигранти

А.С.(45) од село Лојане, околу 03.00 часот на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничкото возило „фолксваген шаран”, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезува 12 мигранти.

Од МВР денеска информираат дека 10 од мигрантите биле од Авганистан и двајца од Иран. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk