Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на липковското село Матејче вчера удрил во паркиран автомобил, а потоа и во седумгодишно девојче од истото село.
Е.С.(23) од Матејче вчера околу 13.40 часот, движејќи се по регионалниот пат од село Липково кон Скопје, со автомобил Голф удрил во паркиран Форд со кумановски таблички, а потоа и во седумгодишно девојче од Матејче. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди на главата. Помош му е укажана во Општа болница Куманово, а оттука е префрлено во Ургентен центар во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk