Жител на Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода

22.03.2020 12:46 | KumanovoNews

Жител на липковското село Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода на кој работел.

Жител на Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода

Несреќата се случила вчера во 14,30 часот, во месноста викана „Краиште“, додека А.С.(70) од с.Отља, работел на санација на резервоар за вода што го користел за сопствени потреби.  Влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од одрон од земја и починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk