Жител на Рамно помогнат од опаец незаконски сечел шума

24.12.2015 15:22 | KumanovoNews

Кумановската полиција во рамки на оперативната акција „Гора“,  поднесе кривична пријава против И.А.(53) од липковското село Опае, поранешен вработен во Агенцијата за катастар во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа.

Жител на Рамно помогнат од опаец незаконски сечел шума

Кривична пријава е поднесена и против М.А.(52) од кумановското село Рамно, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела, употреба на исправа со невистинита содржина и пустошење шума.

Во ноември годинава И.А. во договор со М.А., без никаков правен основ, оформил три предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за седум катастарски парцели од катастарска општина Рамно, кои биле во сопственост на државата, со  површина од 84.787 м2.

Во нив внел невистинити податоци за соственоста на парцелите кои откако ги заверил со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем во катастарот, префрлајќи ги во сопственост на второпријавениот. Потоа М.А. преку лиценцираното правно лице ДПТУ СИМВИ КОМПАНИ ДООЕЛ Кратово, поднел барање за сеча на дрвна маса, врз основа на што извршил сеча на вкупнпо 187 м3 огревно дрво, оштетувајќи го ЈП „Македонски шуми“ за  1.309.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk