Жител на Старо Нагоричане патувал без дозвола во време на полициски час

25.03.2021 15:22 | KumanovoNews

Д.Ѓ.(35) од с.Старо Нагоричане, заработи кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.






Жител на Старо Нагоричане патувал без дозвола во време на полициски час

 На 22.03.2021 во 00.20 часот на регионалниот пат кај место викано „Мездра“ во Свети Николе, Д.Ѓ. бил забележан како се движи со патничко возило „опел“.

При извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека не поседувал дозвола за движење за време на мерката, со која се забранува движење во временски период од 22.00 часот до 05.00 часот, со цел спречување на ширење на вирусот ковид-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk