Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И.Д.(46) од липковското село Ваксинце криумчарел мигранти.
По добиени информации дека И.Д. за одреден паричен надомест, подолго време сместува поголема група илегални мигранти, на неутврдена локација во селото, од страна на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при ОСОСК, преземени се оперативни мерки за утврдување на објекти во кои тој ги сместува мигрантите.
Пред два дена врз основа на претходно изработен план за реализација и обезбедени наредби за претрес на дом и помошни простории, добиена од судија во претходна постапка, извршени се претреси на три локации при што на една локација, куќа во изградба во сопственост на И.Д. пронајдени се илегални мигранти, додека при извршениот претрес во објектот каде што живее осомничениот пронајдена и одземена е, со потврда за привремено одземени предмети, една ловна пушка и 46 парчиња муниција за пушката.
Сторителот ќе одговара за кривично дело криумчарење на мигранти, а илегалните мигранти се приведени и истите се сместени во Транзитниот центар за странци во Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk