Жител на Ваксинце превезувал мигранти

12.05.2012 12:18 | KumanovoNews

Б.А.(43) од село Ваксинце заработи кривична пријава за криумчарење на мигранти, а истражен судија му одреди притвор во времетраење од 15 дена, затоа што превезувал Авганистанци кон селото Лојане.

Жител на Ваксинце превезувал мигранти

По претходно добиени сознанија дека на автобуската станица во Скопје,во автобус кон Куманово влегла поголема група на мигранти, полициски инспектори организирале акција  кај селото Речица. Во возило “Фолсваген Пасат“ со кумановски регистерски таблички  со кое управувал Б.А.,пронајдени се и приведени пет лица од Авганистан.Н.Н. (25), Т.С. (21), Х. Х. (21), А.Х. (21) и Д.Т. (19) сакале нелаегално да ја минат границата кон Србија. По извршениот разговор со пријавениот појаснил дека иако знаел оти се работи за странски државјани мигранти, прифатил да изврши превоз на лицата до село Лојане за сума од 20 евра.

Авганистанските мигранти се сместени во Прифатниот центар за странци заради обезбедување на присуство во текот на судската постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk