Жители на Љубодраг нападнале вработен во скопски паркинг затоа што ги казнил за непрописно паркирање

01.02.2020 10:28 | KumanovoNews

Двајца жители на кумановското село Љубодраг нападнале вработен во ЈП „Паркинг“ во Скопје, затоа што биле незадоволни од казната што им ја напишал за непрописно паркирање.

Жители на Љубодраг нападнале вработен во скопски паркинг затоа што ги казнил за непрописно паркирање

Како што соопштува МВР,  вчера во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје,  З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од с.Љубодраг, кумановско,  физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање.

Лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk