Жители на Опае претепале соселанка

04.06.2014 11:49 | KumanovoNews

Неколку жители од селото Опае претепале жена од истото село.

Жители на Опае претепале соселанка

М.С.(39), И.С.(27), Н.С.(20) и С.Ј.(22) сите од Опае во почетокот на април годинава околу 15.30 часот физички ја нападнале Ѓ.С.(32) во близина на нејзината куќа. При тоа удирајќи ја со клоци и тупаници по главата и телото и нанеле повеќе повреди. Но пресметката не затанала, па И.С. со секира ги скршил предните фарови на возилото “фолскваген лупо“ сопственост на синот на Ѓ.С., а Н.С. со камен го скршила предното ветробранско стакло.

Претепаната жена е пренесена во Општа болница Куманово, од каде по укажаната помош е пуштена на домашно лекување.

Против пријавените се поднесени кривични пријави за насилство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk