Жители на ромските населби бараат подобри услови за домување

29.04.2016 10:03 | KumanovoNews

Националниот ромски центар (НРЦ) во рамки на проектот „Адекватно домување за Роми“, во партнерство со уште шест други граѓански здруженија, спроведе кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми.

Жители на ромските населби бараат подобри услови за домување

Акцијата за застапување вклучуваѓе барање од граѓаните за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација на локално и национално ниво.  

Во Општина Куманово населбата Средорек иако има 300 подносители на легализација нема ниту едно решение за легализација од 2011 до сега, иако има голем број на комплетирани предмети со поднесени елаборати. Особено не се постапува кога треба да одлучува Советот на Општината. Населбата нема пристап до инфаструктура во сите делови, не е опфатена со урбанистичко – планска документација за домување, - покажало истражувањето на НРЦ.

Како дел од проектот низ девет ромски населби во Македонија, прикажан е документарниот филм „Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров“, како дел од патувачки караван чија цел е унапредување на правото на адекватно домување на Ромите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk