Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жители на улиците „Тошо Ангеловски-Ѕидар„, „Гиго Цветковски“ и дел од „Јоско Илиевски“, заедно со членови на ВМРО-ДПМНЕ, побараа од локалната власт да ги асфалтира улиците на кои живеат.
Тие истакнаа дека иако се наоѓаат на неколку стотини метри од центарот на градот, со години наназад газат кал и се гушат во прашина. Тврдат дека градоначалникот Зоран Дамјановски по последните локални избори не го исполнил ветувањето дека улиците се приоритет во неговоата програма.
“Пред повеќе од 3 години заедно со сегашниот претседател на општинскиот Совет, ветувавте многу работи меѓу кои и решавање на нашиот проблем. Да ве потсетиме, неколку месеци до завршување на вашиот мандат а улиците „Тошо Ангеловски-Ѕидар“ и „Гиго Цветковски“ се уште не се асфалтирани, додека пак улицата „Јоско Илиевски“ се уште е несанирана и на многу места недовршена, што само уште повеќе го зголемува нашето разочарување, - изјави Горан Гелевски.
Тој побара квалитетно афалтирање на улиците, а не привремено решение со тампонирање или бекатони, како што рече, кампањско шминкање за залажување на граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk