Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непроодни патишта и водоснабување се најголемите пролеми со кои се соочуваат жителите на кумановското село Градиште. Од партијата Левица, огранок Куманово, побараа од Општина Куманово под итно да помоге да се надминат овие проблеми.
„Жителите на селото го потенцираа проблемот со непроодни патишта кои за нив се од круцијално значење. Жителите сами ги пополнуваат со шут дупките, за да можат нормално да се движат. За решавање на проблемот со вода, од страна на локалната власт имало неколку обиди да биде спроведена преку бушотина, меѓутоа единствено што овие луѓе добиле биле празни ветувања. Левица се солидаризира со жителите на селото Градиште и апелира на итно решавање на проблемите“, велат од партијата.
(Фото. Левица)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk