Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните од населбата Карпош утре во 12 часот ќе протестираат пред општинската зграда револтирани поради тоа што десет дена се без вода.
Тие ги повикуваат и останатите граѓани од другите делови на градот, кои се соочуваат со истиот проблем, да им се придружат.
- Десет дена немаме вода и сме принудени да земаме од бунари на соседите бидејќи немаме сите сопствен бунар. Хигиената е на многу ниско ниво, се чувствува неподнослива смрдеа. Имаме барања и нив ќе ги кажеме на протестот. Да не биде оставена без вода цела населба ако нема друго решение бараме водата рационално да се користи така што секој ден друга населбата ќе биде исклучена, а не се едни исти - вели Никола Спасовски, член на иницијативен одбор од населба Карпош.
Високите зони во градот се без вода бидејќи “Водовод“ и Водостопанство Кумановско - липковско поле не постигнаа договор за пуштање на бајпас цевководот кој ќе обезбеди дополнителни количини вода.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk