Жителите на Карпош сметките за ѓубре и вода ќе ги плаќаат на наплатен пункт во населбата

20.02.2020 20:17 | KumanovoNews

Од следниот месец жителите од населбата Карпош, сметките за вода и ѓубре ќе ги плаќаат во новоотвoрен пункт во нивната населба, наместо како досега на инкасатор или во градот.

Жителите на Карпош сметките за ѓубре и вода ќе ги плаќаат на наплатен пункт во населбата

Наплатниот центар се наоѓаат во деловен простор на улица 100, во близина на крстот.  Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека нови наплатни пунктови ќе се отворат и на други локации во градот, се со цел да се подобри услугата кон граѓаните.

- ЈП претпријатие при крајот на минатата година, воведе нов софтвер за наплата, во рамките на претпријатието, со оглед на тоа дека веќе подолг временски период останатите институции ги имаат укинато наплатите преку инкасатори на терен. Со новите нормите коишто се воспоставени и кај нас наплатата ќе се одвиваат само преку наплатните центри. Веќе имаме обзбедено нов наплатен центар во населба Карпош, ќе обезбедиме дополнителен наплатен центар кај Зелениот пазар, како и во веќе постоечките наплатни пунктови на Градскиот плоштад и во дирекцијата на ЈП. Во наредниот период ќе направиме напори да обезбедиме и уште еден наплатен центар во реонскиот пазар,- вели директорот Даниел Стојчевски.

  Во новоотворените пунктови ќе работат инкасаторите коишто досега вршеле наплата по домаќинствата, а просториите ќе ги делат со ЈП „Водовод“ заради поекономично работење.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk