Жителите на Нагоричане да поднесат барања за претрпените штети

16.02.2015 09:37 | KumanovoNews

Жителите на општина Старо Нагоричане кои претрпеа штети при последните поплави, во архивата на општината можат да поднесат барање за проценка на штети.

Жителите на Нагоричане да поднесат барања за претрпените штети

“Досега нема поднесено ниту едно барање. Формирана е општинска комисија за проценка на штети. Во поплавите беа зафатени неколку куќи, ниви и беа пробиени патишта, за што ќе се направи елаборат и ќе се бара помош од Владата“ - велат од општината.

Освен за уништените патишта, општината ќе побара помош и за санација на мостовите на нивна територија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk