Жителите на “Никола Тесла“ имаат проблеми со водоснабдувањето

13.08.2014 07:13 | KumanovoNews

Граѓаните од улицата “Никола Тесла“ вчера неколку часа останаа без вода за пиење.

Жителите на “Никола Тесла“ имаат проблеми со водоснабдувањето

Тие тврдат дека секојдневно немаат вода или притисокот е намален, поради што немаат нормално водоснабдување. Затоа бараат од надлежното јавно претпријатие проблемот да се реши.

- И покрај тоа што е постигната спогодба за цената на водата помеѓу јавните претпријатија и пуштен е бајпасот, по што беше најавено дека ќе се нормализира состојбата со водоснабдувањето, тоа не се случи на улица „Никола Тесла“. Ние постојано имаме проблем со слаб притисок на вода, кој секојдневно е намален, а вчера бевме без вода - пишува наш читател.

Од ЈП “Водовод“ објаснуваат дека имало поплаки од граѓаните и излегле на терен за да видат во што е проблемот.

 Во тој дел од Којнаре граѓаните самоиницијативно влегуваат во шахтите и ја затвараат водата, а тоа не смеат да го прават. Ќе гледаме тој проблем да го решиме - рече Дарко Петковски, раководител на технички сектор во “Водовод“.

Петковски вели дека денеска водоснабдувањето во овој дел од градот ќе се одвива нормално.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk