Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЈП „Куманово-паркинг“ спроведува анкета со цел да го испита мислење на граѓаните за воведување на втора паркинг зона на булеварот „Октомвриска револуција“ од локацијата „Водовод“ до „Стокомак“.
Ова денеска го кажа в.д. директорот Сашо Петрушевски, одговарајќи на советничко прашање на Александра Лазаревска од СДСМ, за проширувањето на зоната во овој дел на градот.
„Во завршна фаза е изработка на проектот за Б зоната, која ќе се протега од локалитетот „Водовод“ на булеварот „Октомвриска револуција“, каде што се планираат околу 200 паркинг места. Во тек е анкета со граѓаните, за да видиме дали тие имаат желба и можност, за да го реализираме со нивна согласност. Тоа е само еден дел од проектот, следниот е на околу „Стокомак“, во делот каде што се јавуваат проблеми околу паркинг просторот и се создава сообраќен хаос во тој дел на градот“, одговори Петрушевски.
Тој не прецизираше за каква анкета се работи, телефонска или теренска, и кој ја спроведува.
„Куманово-паркинг“ со години наназад најавува воведување на втората паркинг зона, во поширокото градско подрачје, на улицата „11 Октомври“, од Општината кон Болницата, улицата „11 Ноември“, на паркингот кај спортската сала, но никако да ја реализира.
Во Куманово има 500 паркинг места и над 25. 000 автомобили.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk