Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на село Пчиња денеска го блокираа патот кон депонијата Краста и не дозволија камионите на ЈП „Чистота и зеленило„ да го истураат градскиот смет.
Пчињани велат дека се револтирани од лошото менаџирање на депонијата и неиполнетите ветувања на локалната самоуправа дека ќе добијат водоводна и канализациона мрежа наместо загадените бунари во селото. За директен виновник го посочија градоначалникот Зоран Дамјановски, која наводно го блокира проектот кој го доставиле во општината и не сака да го проследи до Министерството за транспорт и врски. Со Дамјановски велат дека претходно имаат потпишано меморандум за соработка, но тој не ги испочитувал одредбите на овој меморандум.
Проектот е доставен пред 4 години. Градоначалникот имаше смешна изјава, ни рече дека треба да биде во електронска форма. Ние ќе го испратиме електронски само да го потпише и да го испрати во Министерството за транспорт и врски. Денеска сме тука да му порачаме на градоначалникот дека од оваа блокада нема да отстапиме се додека не се реши нашиот проблем. Блокадата ќе трае 24 часа и се додека не се испочитува меморандумот од страна на градоначалникот за депонијата, односно да се смени влезот на депонијата и не се огради„ - вели Дејан Трендевски, претседател на месна заедница во село Пчиња.
На овие обвинувања градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека се политички и дека се повторуваат со години. Побара СВР Куманово да преземе мерки против овие граѓани кои ја блокираат депонијата и со тоа го загрозуваат здравјето на луѓето. Кажа дека управувањето со отпадот ќе се регулира согласно регионалните и националните програми. За водоводната мрежа вели дека барањето е нелогично, затоа што премиерот го посетил селото и ветил изградба на водовод. За средствата од Светска банка вели дека приоритетите се утврдени пред 4 години, а клучна улога има Министерството за транспорт и врски.
Ова е многу провизорно, примитивно политички однесување. Оваа работа 10 - ти пат се случува во изминатите 7-8 години. Имав разговори со членови на месната заедница од село Пчиња. Мислам дека за некои работи имаме јасни насоки. Сме дале пироритети и ако од Министерството кажат да ги измениме, ќе ги измениме. Ако така инсистираат тоа треба јавно да се објасни на кумановската јавност, како се движат работите. На конто на тоа таму каде што сме ги завршиле процесите, каде сме пред тендерска постапка, а некои се во тендерска постапка да бидат запрени. Ја имаме канализационата мрежа во Романовце која чини повеќе пари. Се наоѓаме во една конфузија на изјави - кажа Дамјановски.
Од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ велат дека со депонијата управуваат на најдобар можен начин. Пред две недели имале контрола од Министерство за екологија и добиле позитивна оценка за депонирањето на смет.
Во овие околности ние испаѓаме како колатерална штета на неколку луѓе, кои не знам од што се мотивирани, дали е ова политички мотив. Штетата за јавното претпријатије, за општината и за граѓаните може да биде голема, материјална штета и штета што може да доведе до несакани последици за здравјето на луѓето. “Чистота и зеленило“ нема алтернативно решение за изнесување и депонирање на смет, освен нашата депонија - изјави Сашо Петрушевски, директор на “Чистота и зеленило“.
Петрушевски вели дека дневно изнесуваат по 60 до 80 тони смет, и ако не се одблокира депонијата ќе мора да бараат алтернатива што ќе нанесе голема штета на општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk