Жителите на повеќе улици без струја

24.03.2015 08:53 | KumanovoNews

Без струја денеска ќе останат домаќинствата од неколку кумановски улици, како и липковското село Оризаре, информираат од ЕВН Македонија.

Жителите на повеќе улици без струја

Од 8.09 до 11.30 часот без електрична енергија ќе бидат граѓаните од улиците “ЈНА“, “Вук Караџиќ“ и “Орце Николов“, а од 8.30 до 14 часот струја ќе нема на улиците “Благој Илиев Гуне“ и “Страшко Симонов“, како и во дел од липковското село Оризаре.

Од ЕВН објаснуваат дека прекините се заради изведување на технички зафати во мрежата.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk